Најмалку 30 луѓе се убиени при нападот врз административните згради во Кабул, соопшти авганистанското Министерство за внатрешни работи.

Меѓу загинатите 26 се цивили и еден полицаец. Тројца напаѓачи се убиени во операција на авганистанските безбедносни сили, при што се ослободени и 260 луѓе, кои беа заложници на екстремистите.

Во нападот повредени се 17 лица, 16 цивили и еден полицаец.

Две од трите нападнат згради веќе се проверени од припадниците на авганистанските безбедносни сили, а се пребарува третата зграда од екстремисти и да ослободат евентуални заложници.

Нападот почна со активирање на автомобил бомба, потоа екстремистите отворија оган и влегоа во административните згради земајќи заложници.

Засега се уште никој не презе одговорност за нападот.

Тоа е 22 напад во Кабул од почетокот на годината, при што вкупно загинаа над 510 луѓе, а повредени се повеќе од илјада.