Руските власти соопштија дека најмалку 19 лица загинаа, а 22 се повредени при излетување на автобус од пат на Далечниот Исток на Русија. Меѓу загинатите има и две деца, пренесува агенцијата ТАСС.
Првичната истрага покажува дека му пукнала предната гума на автобусот, во кој имало 43 патници, додека возилото поминувало преку маст на реката Куенга во забајкалската област. Возачот ја загубил контролата над автобусот, по што возилото излетало од мостот и паднало во замрзнатата река.
Претставник на локалните власти изјавил дека 14 патници се хоспитализирани, од кои тројца се наоѓаат во критична здравствена состојба. Рускиот истражен одбор соопшти дека веднаш е отворена кривична истрага, поради сомневањата за можни кршења на безбедносните правила.