Најмалку 16 припадници на нигериската Армија загинаа денеска при напад од заседа на припадници на исламистичкото движење Боко Харам во областа Борно во североисточниот дел на Нигерија.
Борно е меѓу областите во Нигерија во кои припадниците на Боко Харам се најактивни. Од формирањето на Боко Харам во 2009 години, при напади на негови припадници во Борно загинаа над 30.000 лица.
Денешниот напад следува откако пред неколку недели исчезнаа 20 припадници на Армијата на Нигерија, за кои се претпоставува дека се жртви на Боко Харам.
Движењето Боко Харам се залага за формирање на исламска држава на територијата на северна Нигерија и делови на соседните земји.