Најмалку 116 лица загинаа, а над 140 се повредени во налетите на песочни бури, кои погодија неколку индиски сојузни држави.
Силните ветрови, кои на места достигнале брзина и до 130 километри на час, предизвикале прекин во снабдување со електрична енергија, уривале дрва и ѕидови и уништувале куќи и сточен фонд.
Од песочната бура најтешко се погодени сојузните држави Утар Прадеш, Раџастан и Андра Прадеш. Од вкупниот број жртви дури 43 се во градот Агра во Утар Прадеш.
Според Би-Би-Си, голем број луѓе ги загубиле животите откако им се урнале куќите додека спиеле.
Песочните бури се честа појава во Индија, но невообичена е висока бројката на жртви.