Најмалку 11 лица загинаа, а 37 други се ранети денеска при експлозија на бомба поставена крај пат во реонот на Бала Блок во авганистанската провинција Фарах, јави ДПА.
Локалните власти соопштија дека бомбата експлодирала во момент кога крај неа минувал автобус полн со патници. Меѓу жртвите има и поголем број жени и деца.
Досега никој не презеде одговорност за нападот, но поставувњето бомби крај патиштата е тактика што често ја користат авганистанските талибанци.
Според податоците на ОН, при напади и вооружени судири во Авганистан во текот на 2017 година загинале 3.438 цивили, а 7.015 биле ранети.