Најмалку десет лица загинаа, и повеќе од 30 се повредени во експлозија на пазар во сирискиот град Тел Абијад во близина на границата со Турција, јавија турските медиуми и Сириската опсерваторија за човекови права.
Опсерваторијата соопшти дека протурски борци и цивили се меѓу загинатите и повредените во експлозијата на автомобил-бомба, пренесе „Ројтерс“.
Во тој град се водат најнасилните судири откако турската војска почна офанзива минатиот месец против курдските милиции во североисточна Сирија.