Најмалку шест луѓе загинаа во експлозија во фабрика за хемиски производи во Чешка. Портпаролката на противпожарната служба Владимара Керекова изјави дека има и повредени, но не прецизира колкав број.
Експлозијата одекнала во фабриката за хемикалии „Синтос“, северно од Прага. Причината за експлозијата засега не е соопштена.