Најмалку тројца цивили загинаа при експлозија на автомобил-бомба во северниот дел од Сирија, на границата со Турција, соопшти турското министерство за одбрана.
Како што се наведува, над 20 лица се повредени во експлозијата што се случи во градот Тал Абијад.
Министерството за нападот ги обвини сириските курдски борци, пренесе „АП“.
Во овој сириски град веќе се случија два слични терористички напади во кои настрадаа најмалку 22 лица.