Најмалку две лица загинаа, а десетина се повредени при судир на два воза во јужноафриканската престолнина Преторија, изјави претставник на локалната спасувачка служба, Чарлс Мабасо.
– Има два потврдени смртни случаја и повеќето наши службеници се на местото на несреќата, вели Мабасо.
На Твитер се појавија фотографии од преторијанската железничка станица „Маунтин вју”, каде што се случи несреќата, на кои се гледа како спасувачките служби им помагаат на повредените.