Делумната блокада на американската влада влезе денеска во 22 ден и со тоа е најдолга во историјата, информира МИА.
Пари за продолжување на работата засега не добиле девет од 15 американски министерства додека Министерството за одбрана и Министерството за ветерани засега работат непречено.
Моментната состојба, според американските медиуми, ќе трае најмалку уште неколку денови, а демократите и понатаму одбиваат барање на претседателот Доналд Трамп за одобрување на 5,7 милијарди долари за изградба на ѕид на границата со Мексико.
Околу 380.000 вработени во администрацијата не работат, а околу 420.000 работат без плата.