Антимонополскиот гуру на ЕУ, Маргарет Вестагер, која е еврокомесарка за конкуренција, потврди дека Еврокомисијата го казнила „Гугл“ со 1,49 милијарда евра поради нелегална злоупотреба на неговата доминантна пазарна позиција за споделување онлајн-реклами.
– „Гугл“ ја зацементира својата доминација во рекламите при онлајн-пребарувањето и се заштити од притисокот на конкурентите, со воведување антиконкурентни договорни рестрикции за другите веб-сајтови. Тоа е нелегално според антимонополските правила на ЕУ – порача Вестагер.
Веб-сајтовите како што се сајтовите на весници, блоговите или сајтовите агрегати за патување често имаат вклучено функција за пребарување. Кога корисникот пребарува користејќи ја оваа функција, веб-сајтот дава и резултати од пребарувањето и реклами, кои се појавуваат заедно со резултатите.
Во меѓувреме, Еврокомисијата го казни и спортскиот гигант „Најки“ со 12,5 милиони евра поради рестрикцијата на прекуграничната продажба на производи со логоата на некои од најголемите европски фудбалски
клубови.