Шпанската цивилна гарда и австриската федерална полиција конфискуваа околу 8.000 евра во круптовалутите биткоин, ИОТА и лумен, како и приближно 800.000 таблети ЛСД, што е најголема заплена на дрога во Европска унија, соопшти Европол.
– Успешно е разбиена криминална мрежа која произведуваше и дистрибуираше ширум светот дрога позната како „нова психоактивна супстанца“ (НПС)- се посочуува во соопштението на Европол.
Рации се извршени во лаборатории во Гренада и Валенсија во Шпанија, при што се запленети над 100 различни видови НПС, чија вредност на црниот пазар изнесува околу 12 милиони евра. Претрес е извршен и во шест куќи во Шпанија и една во Австрија.
Рациите беа поддржани од две мобилни канцеларии на Европол во Шпанија и во Австрија, како и со аналитичка поддршка. Во акцијата упасени се осум лица под обвинение за трговија со дрога и перење пари.
Запленети се и 1,6 милиони евра од една банкарска сметка во Австрија, околу 700.000 евра во кеш во Шпанија, како и три луксузни куќи со вредност од околу еден милион евра и три луксузни возила.
Групата дејствувала во Шпанија од 2012 година и неопходните супстанци за производство на синтетичките дроги ги увезувала од азиски држави, првенствено Кина.