Oдделoт на „Џенерал електрик“ за обновливи извори на енергија е избран за посакуван снабдувач на турбини за британскиот проект за најголема ветроелектрана на море, која ја градат ССЕ и „Еквинор“, објавија двете компании.
Три реони со ветерници во областа Догер бенк во Северното море ќе бидат опремени со турбини од „Џенерл електрик“ со капацитет од 12 мегавати, пренесува хрватски „Индекс“.
Работата за изградба на ветроелектраната во вредност од 10,2 милијарди евра во септември беше доделена на норвешки „Еквинор“ и британската компанија ССЕ, како дел од британскиот проект за субвенции на обновливи извори на енергија.
– Догер бенк ќе стане дом на најголемата ветроелектрана на море, а проектот има централно место во напорите на Велика Британија за укинување на емисиите на јаглерод диоксид до 2050 година – изјави во соопштение Пол Кули, директор на капитални проекти во ССЕ.
Велика Британија е веќе најголемиот светски пазар за енергија произведена од ветроелектрани на море. До 2030 година, планирано е со помош на оваа технологија да се произведува третина од електричната енергија.