Русија ја користи својата воена улога во Сирија за да го зајакне своето поморско присуство во источниот Медитеран, правејќи го тој регион „преполн“, изјави денеска командантот на НАТО за јужна Европа Џејмс Фого.
Овој адмирал на американската морнарица вели дека рускиот претседател Владимир Путин го користи очајот на сирискиот претседател Башар ал Асад, за да ја прошири воената моќ на Русија надвор од границите на Сирија.
Истакнувајќи дека некои „небезбедни и непрофесионални“ инциденти, во кои биле вмешани руски авиони, се случиле во текот на судирите во Сирија, Фого вели оти источен Медитеран станува „заглавен“ со руски воени бродови.
– Тоа е нешто со што мораме да се фатиме во „коштец“ како професионална морнарица – вели тој.
Фаго објаснува дека руските сили воспоставиле поморска база во сириското медитеранско пристаниште Тартус за време на мандатот на таткото на Башар, Хафез ал Асад, но, неодамна таа база ја наполниле со голем број авиони и бродови.