НАТО се согласи со барањето на американскиот претседател Доналд Трамп да се вклучат многу повеќе на Блискиот Исток, кое беше истакнато при второто обраќање во средата по иранските воздушни напади на американските воени објекти во Ирак, пренесува „Спутник“.
Телефонскиот разговор помеѓу Трамп и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во кој се дискутирало за случувањата на Блискиот Исток, покажа дека Алијансата признала дека може да има поголема улога во придонесот кон стабилноста во регионот, објави „Хил“ цитирајќи трнскрипт од разговорот.
– Претседателот побара од генералниот секретар НАТО да се вклучат на Блискиот Исток. Тие се согласија дека НАТО може да придонесе повеќе за регионалната стабилност и во борбата против меѓународниот тероризам“, се вели во соопштението по повикот.
Телефонскиот повик го потврди заменик-секретарот за печат на Белата куќа, Џад Дир на својот профил на Твитер.
Апелот на Трамп до Алијансата доаѓа по неговата претходна критика за неуспехот на членките на НАТО да ја исполнат целта за трошење на буџетот за одбрана од 2 отсто од БДП и коментарите од францускиот претседател Емануел Макрон дека безбедносната организација во моментот доживува „мозочна смрт“, изјава која беше масовно критикувана.