Седум затвореници се убиени, а најмалку 17 се тешко повредени во насилствата во строго чуван затвор во Јужна Каролина, соопштија денеска американските власти.
Тепачката меѓу затворениците траела подолго од седум часа, пред да биде воспоставена контрола над затворот во Бишопвил.
Обдукцијата покажала дека повеќето од убиените се избодени или исечени со импровизирани ножеви, додека другите биле претепани до смрт.
Не е познато што довело до тепачката во недела попладне.
Во затворот престојуваат околу 1.500 осуденици, меѓу кои и некои од најнасилните криминалци од Јужна Каролина, како и оние со најдолги казни.
Од почетокот на 2017 година во Јужна Каролина најмалку 20 затвореници биле убиени од други затвореници.