Две лица загинаа, а петмина се повредени за време на вчерашните протести против корупцијата на Хаити, соопшти полицијата.
Неколку илјади демонстранти блокираа поголем дел од престолнината Порт о Пренс, барајќи оставка од претседателот Жовенел Моиз.
Тие за време на протестниот марш, палеа гуми и фрлаа камења, пренесе „АП“.
Демонстрантите бараа продолжување на истрагата за паричните средства добиени од субвенционираната испорака на нафта од Венецуела, бидејќи претходно било утврдено дека 14 владини функционери наводно злоупотребиле 3,8 милијарди долари во текот на мандатот на поранешниот премиер, Мишел Мартели.
Во градот беа затворени голем број продавници и бензиски станици, а меѓуградскиот сообраќај делумно стопиран бидејќи демонстрантите блокираа голем број патишта.
На протестот учествуваа припадници на политички партии, верски групи и активисти.