Американската вселенска агенција НАСА соопшти дека на 2 ноември астероид ќе мине крај планетата Земја. Дијаметарот на астероидот, означен како „2018VP1“, е помал од два метри и се проценува дека неговото влијание врз нашата планета најверојатно ќе биде мало.
Интересен факт е што астероидот ќе мине крај Земјата само еден ден пред претседателските избори во САД, кои се потресени од ефектите од пандемијата на коронавирусот, граѓански немири и длабоки политички поделби, наведува Си-ен-ен.
Експертите од НАСА пресметале дека веројатноста астероидот да ја погоди Земјата е 0,41 процент.