Еден човек е ранет денеска во напад со нож на аеродромот во Диселдорф, а осомничениот е во бегство, соопштија германските власти.
Според германските медиуми, нападот се случил пред терминалот за полетување.
Мотивот засега не е познат, посочува германскиот магазин „Фокус“.
Според „Спутник“, и федералната и локалната полиција трагаат по сторителот.