Најмалку 126 припадници на авганистанските безбедносни сили загинаа данеска при напад на талибанските бунтовници врз воен комплекс во провинцијата Мајдан Вардак во централниот дел на Авганистан, соопшти неименуван претставник на властите во Кабул.
– Имаме информации дека при експлозија во воениот центар за обука загинале 126 лица, изјави истиот извор.
Портпаролот на авганистанската Влада одби да ги коментира ваквите тврдења.
Властите претходно официјално соопштија дека при нападот загинале 12 лица.
Одговорност за нападот врз воениот комплекс презедоа талибанците.