Денеска, околу 17 часот, се случил инцидент пред базиликата Свети Петар во Ватикан, кога 46-годишен маж замавнувал со нож и се заканувал дека ќе ги убие сите, пренесуваат локалните медиуми.
Неидентификуваното осомничено лице, наводно од француска националност, и ставил кујнски нож на лицето на една жена која седела во локален ресторан, додека истовремено плукал врз толпата луѓе и извикувал „Ќе ве убијам сите вас“.
Мажот носел ранец во кој биле пронајдени осум кујнски ножеви. Тој бил уапсен и се очекува да се изврши проценка на неговата психолошка состојба, пренесуваат агенциите.