Холандската полиција соопшти дека нема докази дека уапсениот маж, кој во петокот со нож рани три малолетни лица во Хаг, имал терористички мотив.
– Прелиминарно нема индиции кои би укажале дека мотивот е тероризам. А кој бил мотивот, сè уште се испитува – соопштила полицијата.
Две 15-годишни девојчиња и едно 13-годишно момче, кои се здобиле со полесни повреди, се пуштени од болница.
За нападот, во прифатилиште за бездомници полицијата уапси 35-годишен маж.
Нападот се случи на прометна улица каде што жителите на градот масовно купувале на попуст поради таканаречениот Црн петок.