Полицаец беше нападнат утрово околу пет часот со нож во Брисел, при што, според медиумите, напаѓачот извикувал „Алах Акбар“.
Обвинителството отвори истрага за настанот, но засега не е јасно дали тој се третира како тероризам.
Нападот се случил во центарот на Брисел, близу главниот плоштад. Полицаецот е повреден во пределот на вратот, но е вон животна опасност.
Напаѓачот е застрелан со огнено оружје и се наоѓа во болница, при што, исто така, не е во животна опасност.
Како што јави дописничката на МИА од Брисл, тој им бил познат на службите поради трговија со оружје, но не и за тероризам.
Белгискиот министер за внатрешни работи Јан Јамбон, нападот го нарече “кукавички“.
– Полицијата повторно е жртва на кукавички напад, изјави Јамбон.