Најмалку 63 луѓе се убиени а над 180 се ранети во бомбашки напад на свадбена веселба во Кабул, пренесуваат светските медиуми. Меѓу жртвите има и деца.
Според информациите, бомбаш самоубиец активирал експлозив за време на веселбата.
Нападот бил извршен во сала за свадби во западниот дел на Кабул, а речиси 1.200 луѓе присуствувале на свадбата.
Талибанците негираа дека се вмешани и го осудија нападот.