Организацијата на извидници „Скаути Ирска“ соопшти дека повеќе од 300 деца биле сексуално злоставувани во тоа здружение.
Злоставувањата наводно се случувале со децении. Организацијата ги штитела волонтерите, кои го правеле тоа и ги преместувала од една група во група.
Со истрагата во самата организација е утврдено дека 317 деца биле злоставувани од страна на 212 осомничени злоставувачи.
По презентирањето на информацијата за скандалот до ирскиот Национален парламент, бројот на посочени сторители на сексуална злоупотреба и жртви, за само три недели се зголемил тројно, но се очекува тој и натаму да расте.
Организацијата изрази „длабоко жалење”, бидејќи младите членови не биле сигурни под претходното раководство на здружението.