Вооружените групи во Јужен Судан ослободија над 200 деца војници во согласност со договорот за ослободување на речиси илјада деца во следните неколку месеци, соопшти денеска УНИЦЕФ.
Децата се разоружани вчера на церемонија во едно село во државата Западна Екваторија, наведува УНИЦЕФ. Тие ќе добијат психолошка помош и стручно оспособување во рамки на програмата за реинтеграција во цивилниот живот.
– Ниту едно дете никогаш не би требало да земе оружје и да се бори – рече Махимбо Мдое, претставник на УНХЦР во Јужен Судан.
Ова е второ ослободување на деца војници, откако во февруари беа пуштени над 300 деца.
Според податоците на УНИЦЕФ, во Јужен Судан има уште 19.000 деца војници.