Над еден тон кокаин, два милиони евра и скапи предмети вредни над еден милион евра се запленети во глобална операција на Балканот, соопшти Европол.
Криминалната мрежа е осомничена дека со приватни авиони ја пренела дрогата од Јужна Америка во Европа во текот на оваа и минатата година.
Двајца клучни членови на мрежата се уапсени во Швајцарија и во Хрватска, а уапсени се неколку лица и во Чешка, Србија и во Хонг Конг.
Дрогата, парите и скапите предмети биле пронајдени при претреси во Хрватска, Чешка, Србија, Словенија и во Швајцарија.
Акцијата била координирана од Европол и Федералната управа на САД за контрола над наркотици (ДЕА).