Над 2.750 тони амониум нитрат експлодирале во магацин за пиротехника во пристаништето во главниот град на Либан, што предизвика страотна експлозија во која загинаа над 70 лица, а 4000 се повредени.

Амониум нитратот бил во магацините од 2014-та година и никој не го проверувал цели шест години. Истрагата е во тек за тоа што точно се случило. Претседателот Мишел Аун, на Твитер напиша дека „не може да прифати што 2.750 тони амониум нитрат биле складирани небезбедно цели шест години“ и бил темпирана бомба.

Амониум нитрат се употребува за правење на експлозиви и полнење на гранати, се употребува за огномети и за исфрлање на огнометите. Не се продава на пазарот бидејки со него се прават експлозиви.

 Либанските спасувачки екипи ги пребаруваат урнатините во потрага по преживеани во огромната експлозија што вчера го потресе главнот град Бејрут.

Според податоците на германскиот геонаучен центар ГФЗ, експлозијата била еднаква на земјотрес со јачина од 3,5 степени, а се слушнала и подалеку од Кипар, на повеќе од 200 километри преку Медитеранот.


Повредени сопруга и ќерка на премиерот

Сопругата и ќерката на либанскиот премиер Хасан Диаб се повредени во страотната експлозија што синоќа ја погоди областа во близина на пристаништето во Бејрут. Арапската телевизиска станица Ал Арабија наведува дека се повредени и неколкумина советници на премиерот Диаб.

Експлозијата ја оштети и службената резиденција на претседателот на Либан, палатата „Бабда“. Детонацијата оштети голем број згради, вклучително и Руската амбасада.

Премиерот на Либан, Хасан Диаб изјави дека одговорните за големата експлозија во опасен магацин во пристаништето во Бејрут ќе ја платат цената за тоа.

„Ви ветувам дека оваа катастрофа нема да помине без одговорност… Одговорните ќе ја платат цената“, порача Диаб.

– Фактите за овој опасен магацин, кој е таму од 2014 година, ќе бидат објавени и нема да зборувам за истрагата однапред – рече либанскиот премиер.


Трамп смета дека Бејрут е нападнат

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека генерали на американската армија му пренеле дека експлозијата во Бејрут, во која загинаа најмалку 78 лица, е предизвикана од „некој вид на бомба“.

– Се сретнав со некои од нашите големи генерали и изгледа дека тие мислат дека тоа не е настан предизвикан од некаква фабричка експлозија… Се чини дека тие мислат дека станува збор за напад. Тоа било еден вид на бомба – рече Трамп.