Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Федерика Могерини денеска изјави дека Јордан ќе продолжи да добива финансиска помош од Унијата.
– Тоа е инвестиција во сојузник во областа на светот, каде што тензиите се најсилни, рече таа.
Посетата на Могерини на Јордан е само неколку дена откако премиерот Хани ал-Мулки се повлече од протестите против планот за штедење, што беше препорачано од страна на меѓународните кредитори и вклучува зголемување на даноците.
– ЕУ сака да го поддржи Јордан со сите можни средства, особено економски и финансиски, изјави Могерини на прес-конференцијата во Аман.
Таа најави дека Унијата ќе додели нов грант од 20 милиони евра на Јордан. Средствата се наменети за програми за социјална заштита за најранливите делови на населението.