Група демонстранти синоќа одржаа протест во германскиот парламент против климатските промени.
Меѓу 50 и 70 лица легнаа на подот на Бундестагот, во знак на протест, во кој учествуваа вкупно 317 млади лица
кои одржаа лажна седница во парламентот. Учесниците од младинското крило на конзервативните партии на ЦДУ/ЦСУ ги иссвиркаа демонстрантите.Претседателот на парламентот, Волфганг Шобле, се пошегува дека иако во секоја друга ситуација тие би биле исфрлени, овојпат можат да останат до следниот ден кога тој ќе мора да ја отвори собраниската седница.
Еден од демонстрантите, Максимилијан Реиман, рече дека реакцијата на Шојбле е „кул“, но дека сега е потребна паника што ќе се искористи конструктивно за да се победи климатската криза.