Најмалку 116 мигранти исчезнале, а 132 биле спасени од страна на либиската гарда и локални рибари кога се превртел дрвен брод во близина на Ел Хомс, источно од главниот град Триполи, соопшти портпаролот на либиската морнарица, Ајоб Касем.
Претходно, УНХЦР соопшти дека се стравува оти најмалку 150 лица загинале во бродолом.
Крајбрежната стража ги врати преживеаните во Либија.
УНХЦР и други агенции на ОН во неколку наврати повикаа бродовите да не ги враќаат преживеаните во Либија поради конфликтот во таа земја и праксата за задржување на мигрантите во затвори и во нехумани услови.
Либија стана транзитен центар од каде што мигрантите се обидуваат да стигнат до Европа во небезбедни бродови и чамци.