Британската премиерка Тереза Меј денеска изјави дека ќе настојува да се засилат санкциите против Русија на средбата на врвот на ЕУ, која треба да се одржи кон крајот на месецот.
– Ќе инсистирам да ги задржиме санкциите против Русија. Всушност, мислам дека постојат некои области во кои треба да го зајакнеме режимот на санкции- изјави Меј пред Парламентот.
Односите меѓу Велика Британија и Русија сериозно се влошија во март годинава по труењето на двојниот шпион Русиниот Сергеј Скрипал во англискиот град Салзбери, за што Лондон ја обвини Москва, а таа ги отфрли обвинувањата.