Британската премиерка Тереза Меј денеска изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп ја советувал да ја тужи Европската унија во рамките на стратегијата за Брегзит.
– Тој ми рече дека треба да ја тужам ЕУ, а не да преговарам – изјави Меј за Би-Би-Си.
Трамп во петокот на заедничката прес-конференција со Меј рече дека на британската премиерка и дал предлог, не прецизирајќи каков, кој таа го оценила како премногу брутален.