Британската премиерка Тереза Меј изјави денеска дека е многу вознемирена, бидејќи двајца британски граѓани се отруени со нервниот агенс „Новичок“.
– Многу е вознемирувачко да видиш дека уште две лица биле изложени на „Новичок“ во Британија и полицијата, знам, дека ќе го преврти секој камен во текот на истрагата- изјави Меј во Германија, каде што се сретна со германската канцеларка Ангела Меркел.
– Моите мисли се со луѓето во Вилтшир- додаде таа, мислејќи на областа каде живеат жртвите и каде што се случи најновиот инцидент.
Тоа е второ труење оваа година во Велика Британија со нервен агенс „Новичок“. Првото се случи во март во Салсбери, кога поранешниот двоен шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка беа затруени. Лондон за инцидентот ја обвини Русија, а таа ги отфрли обвинувањата.