Велика Британија ќе ја напушти Европска унија на 29 март, изјави премиерката Тереза Меј за време на расправата за Договорот што го постигна со ЕУ.
Таа истакна оти не верува дека британската Влада треба да го продолжи рокот за примена на членот 50 од Договорот за ЕУ, кој ги дефинира условите за излегување од Унијата.
Меј ги предупреди пратениците дека брегзит ќе биде во опасност доколку не се изгласа договорот за брегзит.
– Блокирање на брегзит е поверојатен резултат отколку Британија да ја напушти ЕУ без договор – истакна Меј во британскиот Парламент за време на расправата за договорот што таа го постигна со ЕУ.