Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека жали поради исходот на гласањето во британскиот Парламент и оти има уште време за преговори помеѓу Европска унија и Велика Британија за излез од европскиот блок.
Таа наведе дека ќе направи сѐ за да се изнајде решение, како и дека Германија е подготвена ако не дојде до договор.
– Сѐ уште име време за преговори, но сега чекаме да видиме кои се предлозите на британската премиерка – посочи Меркел.
Откако британскиот Парламент вчера го отфрли предлогот на премиерката Тереза Меј за брегзит, за денеска е закажано гласање за недоверба на Владата, на барање на опозицискиот лидер Џереми Корбин.
„Против“ планот за брегзит гласаа 432 пратеници, а „за“ договорот беа 202.