Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека не верува оти нејзиното постепено повлекување од лидерската позиција, ќе ја ослабне нејзината преговарачка позиција на меѓународната политичка сцена, јави ДПА.
– Мислам дека ништо не е променето што ќе ја ослабне нашата позиција во меѓународните преговори. Може дури да се каже дека сега имам повеќе време да се фокусирам на мојата работа како канцеларка, изјави Меркел на прес-конференција во Берлин по средбата со египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси.
Меркел вчера најави дека нема да се кандидира за претседател на нејзината Христијанска демократска унија (ЦДУ) на партискиот конгрес во декември. Таа исто така соопшти и дека ќе се повлече од политиката по истекот на нејзиниот мандат како канцелар, најдоцна до 2021 година.