Германската канцеларка Ангела Меркел и министерот за здравство Јенс Спан се обратија пред јавноста за коронавирусот. Меркел на почетокот рече дека е одржана видеоконференција на која присуствувале сите лидери на ЕУ, претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лејен и претседателот на Европскиот совет, Чарлс Мишел.
– Коронавирусот дојде во Европа. Населението сè уште не е имуно на овој вирус и нема вакцина и експертите ни кажуваат дека можеме да очекуваме 60-70 отсто од населението да се зарази со овој вирус. Затоа е важно да се избегне оптоварувањето на нашиот здравствен систем, за да го забавиме ширењето на вирусот. Затоа, многу е важно да се следат упатствата објавени од владата, но овие инструкции може да се променат бидејќи учиме нешто ново секој ден – вели Меркел, а пренесе германски „Билд“.
Според германските медиуми, кога канцеларката ја соопштила очекуваната бројка на заразаени, во просторијата завладеала тишина.
– Ние се бориме да ја одржиме економијата во живот во оваа ситуација – додаде таа.