Германската канцеларка Ангела Меркел го предупреди американскиот претседател Доналд Трамп на опасноста од „трговска војна“ доколку САД ги спроведат заканите за воведување такси за увоз на странски автомобили.
– САД веќе предизвикаа „трговска војна“ по воведувањето такси за увоз на челик и алуминиум, но би можеле да „предизвикаат вистинска трговска војна“ со воведување данок на увоз на автомобили – рече Меркел, обраќајќи се во Парламентот.
Европската унија наметна царински давачки од 25 отсто на низа американски производи, како што се путер од кикирики, бурбон, фармерки и мотоцикли, како одговор на тоа што САД воведоа такса од 25 отсто за челик и 10 отсто за алуминиум од ЕУ.