Германската канцеларка Ангела Меркел денеска најави дека го затвора профилот на Фејсбук, бидејќи повеќе не е шефица на ЦДУ.
И покрај 2,5 милиони следбеници, Меркел го затвора својот профил, соопшти денеска таа во видео порака.
Таа не кажа кога точно ќе и биде изгасен профилот.
Во полуминутна видео-порака Меркел им се заблагодари на следбениците за поддршката.
-Тие знаат дека повеќе не сум шефица на ЦДУ. Поради тоа ќе го затворам својот профил, нагласи Меркел.
Канцеларката укажа дека и натаму преку Интернет, преку официјалната страница на Владата, но и на Инстаграм, ќе можат да се следат нејзините активности.
-Ве молам и понатаму следете ја мојата работа, сега како канцеларка, рече таа.
Во декември Меркел и ја предаде функцијата шефица на ЦДУ на Анегрет Крамп-Каренбауер и најави дека веќе нема да се кандидира за нова политичка функција.