Багдад – Ирачкиот премиер Адел Абдел Махди поднесе оставка, по повеќенеделните насилни протести низ земјата на кои беа убиени повеќе стотици лица. Непосредно по објавувањето на оставката, ирачките власти соопштија дека формирале суд што ќе ја истражува раширената корупција во земјата.
Лондон – Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека ќе ги заостри казните за лица осудени за насилни злосторства и тероризам, како што е напаѓачот што со нож уби две лица во Лондон во петокот, ако неговата конзервативна партија победи на изборите овој месец. Напаѓачот претходно бил осуден за тероризам и неодамна бил пуштен на рехабилитација. Џонсон најави дека со поостри казни ќе бидат санкционирани сторителите на сериозни сексуални и насилни престапници и за терористите
Киншаса – Во епидемијата на ебола во Конго, која почна на 1 август 2018 година, досега починале 2.201 лице. Министерството за здравство на оваа африканска земја соопшти дека борбата против болеста е запрена поради неодамнешните напади врз медицинските работници. Вкупно четири лица задолжени за борба против еболата неодамна беа убиени во напад во источно Конго, а како што велат властите, ОН привремено ја прекинале испораката на хуманитарна помош од безбедносни причини.
Канбера – Климатските експерти предупредуваат дека повеќе од половина критични точки, кои би можеле да водат кон долгорочно неповратни промени на земјата и да ѝ се заканат на цивилизацијата, се надминати. Критичните точки опфаќаат загуба на арктичкиот мраз и ледените плочи на Гренланд и Антарктикот, топење на мразот и уништување на тајгите и амазонските прашуми. Топењето на ледените плочи би можело да доведе до неповратен пораст на нивото на морето од околу 10 метри.