Германија – Резултатите од три независни лаборатории потврдуваат присуство на супстанција од групата „новичок“ во примероците на Алексеј Навални, се вели во соопштението на германската влада. Лабораториите во Франција и во Шведска повторно ги проверуваа анализите на Навални. Германските власти забележаа дека истражувањата во европските лаборатории се спроведени независно едни од други.
Кина – Кинеските власти потврдија дека уапсиле 12 граѓани на Хонгконг за наводен обид за илегално преминување во Тајван минатиот месец. Министерството за надворешни работи на Кина ја окарактеризира таа група како сепаратисти. Уапсени се 12 лица на возраст меѓу 16 и 33 години. Групата е уапсена на 23 август.
САД – Двајца полицајци од Лос Анџелес закрепнуваат во болница откако беа застрелани во заседа, соопшти полицијата. Снимка од инцидентот покажува еден човек како се приближува до полициското возило, по што пука во полицајците и бега. Застрелани се 31-годишна жена и 24-годишен маж. Полицајката е застрелана во градите и раката ѝ била во критична состојба, но сега е стабилна по операцијата, велат од полицијата.
Турција – Турската полиција спроведе уште една голема операција за апсење лица осомничени за поврзаност со терористичката организација ФЕТО, а од 44 лица по потерница, 23 осомничени се лишени од слобода, пренесува „Анадолија“. Врз основа на истрагата за инфилтрирани елементи на терористичката организација ФЕТО во рамките на турските вооружени сили.