Анкара – Турскиот парламент донесе закон со кој се предвидува посилна контрола врз социјалните мрежи, што предизвикува загриженост во врска со слободата на изразување. Социјалните мрежи како Твитер и Фејсбук ќе мора да имаат претставник во Турција. Тие исто така ќе треба да се придржуваат кон наредбите на турскиот суд за отстранување одредена содржина во рок од 24 часа. Во случај на непочитување на судските наредби, се предвидени строги казни.
Дака – Поплавите во Бангладеш, предизвикани од монсунските дождови, погодија 4,8 милиони луѓе, а 41 лице загинаа, од кои 31 дете, јави германската новинска агенција ДПА. Центарот за предвидување и предупредување од поплави во Бангладеш предупреди дека ситуацијата може да се влоши, бидејќи во следните денови е можно зголемување на нивото на реките во централните области околу Дака. Поради поплавите, над еден милион луѓе од крајот на јуни ги напуштија своите домови.
Москва – Русија планира да биде првата држава во светот што ќе одобри вакцина против коронавирусот. Според Си-ен-ен, Русија планира да го стори тоа за помалку од две недели и покрај загриженоста за нејзината безбедност, ефективност и за тоа дали земјата пропуштила да одработи некои есенцијални делови во нејзиниот развој.
Минск – Белорускиот претседател Александар Лукашенко откри дека бил заразен со коронавирус и дека оздравел без да забележи. Како што пренесува „Ројтерс“, Лукашенко кажа дека немал никакви симптоми. Според медиумот, белоруските лекарите дошле до таков заклучок бидејќи претседателот бил без симптоми. Лукашенко на средбата со челниците на армијата изјави дека цело време работел додека бил заразен.