Кинеските државни медиуми и прокинеските пратеници од Хонгконг објавуваат фотографии од странците од Западот, со цел да го претстават „мешањето на надворешни сили“ во протестите, пренесува „Гардијан“.
Оние кои живеат во Кина, а не се Кинези, периодов се цел на напад од страна на државните кинески медиуми и политичари и се обвинети дека ги поттикнуваат демонстрациите и насилството во Хонгконг кои траат веќе осма недела.
Фотографиите на кои обично се прикажани луѓе со бела кожа, се проследени со објаснување како, на пример, „зошто тие се овде?“ и „поттикнувачи на насилство“. Една од сликите е толку распространета, со што човекот прикажан на неа, стекна одредена популарност во Хонгконг, каде што го препознаваат во јавноста, а исто така го знае и полицијата.
– Честопати ме прашуваат дали сум член на американската разузнавачка агенција – вели долгогодишниот работник. кој стана цел на кинеските медиуми.
Оваа тактика исто така го засилува тврдењето на Пекинг дека „надворешни сили“ стојат зад протестот, а во понеделникот официјалниот весник на Комунистичката кинеска партија, „Пиплс дејли“ објави опомена за граѓаните „да не ги провоцираат странските сили во земјата бидејќи тие се волци кои ѝ штетат на земјата“.
Ан Чианг, која е прокинески ориентирана пратеничка во Хонгконг, објави видео на кое може да се забележи странец, кој ги пренесува протестите во живо, прашувајќи која е неговата улога и зошто изгледа како тој да е некој вид на водач на демонстрациите.
They’re saying we were pointing and discussing tactics. Now to be fair, TO BE FAIR, we literally were at that point. pic.twitter.com/Jvc2AvFutF
— Hong Kong Hermit (@HongKongHermit) July 22, 2019
Поради објавените слики, сега тој стравува дека ќе ја загуби работата или дека ќе биде цел на полицијата.
– Ти си познат на Интернет. Знаеме за тебе – му рекол еден од полициските службеници помеѓу размената на солзавец со демонстрантите.
Во друг случај, академски работник во Хонгконг исто така се пронашол на фотографии кои циркулираат во Хонгконг. На сликата биле неговото име и презиме, со текст дека тој е поттикнувач на насилство за време на протестите во градот.
Откако се случија нападите од насилниците со бели маици, негов пријател го предупредил да внимава, бидејќи тие веруваат во наративот на власта дека странците го поттикнуваат насилството. Тој сега стравува за безбедноста на неговото семејство.
Голем број од новинарите вработени во државните медиуми исто така објавија вести во кои ги обвинуваат нивните колеги од западот, кој ја вршеа нивната работа за време на судирите меѓу демонстрантите и полицијата.
Во неделата, државниот медиум „Чајна дејли“ ги спореди демонстрациите со револуциите предизвикани во Блискиот Исток и Северна Африка, велејќи дека локалните антивладини групи се здружуваат со надворешни сили за да ја соборат власта во земјата.
Со тоа што кинеската влада ја припишува тековната криза на надворешни влијанија, очигледно е дека таа ги негира своите внатрешни проблеми.