Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис изјави дека е оптимист за разговорите со Северна Кореја, нагласувајќи дека тие ќе вродат со плод.
Оценката на Матис е дадена неколку дена откако Пјонгјанг ги стопира нуклеарните и ракетни проби и го затвора полигонот за нуклеарни тестирања.
– Во овој момент, мислам дека постојат многу причини за оптимизам и дека преговорите ќе вродат со плод, па останува да видиме – истакна Матис.