Кога итаијанскиот заменик-премиер Матео Салвини се жали за ужасните услови за собирање на отпадот во Рим, неговата поента не е јавното здравје, туку неговата лична амбиција, која можеби е и неговата последна шанса за највисока функција, анализира „Блумберг“.
Вечниот Град беше главна тема во неговата битка со поранешниот соработник, а сега најголем домашен противник Луиџи Ди Мајо, функционер во владата на Италија која е поделена на фракции. Салвини сака да го придобие Рим со неговата анти-имиграциска партија Северна лига, и силно ја критикуваше сегашната градоначалничка Вирџинија Раги од Движењето пет ѕвезди дека не успеала да направи ништо позитивно за градот.
Доколку Салвини успее дополнително да го ослаби гласачкото тело на Движењето пет ѕвезди на неделното гласање за Европските избори, кое ќе се одржи заедно со изборите за градоначалници во земјата, ќе се создадат услови за предвремени парламентарни избори во Италија. Но, сега има знаци дека тој нема толку голема поддршка како што претходно очекуваше.
– Добриот однос со гласачите можеби полека се губи, и падот на владата на неговиот соработник во Виена, Хајнц-Кристијан Штрахе поради контроверзното видео, воопшто не оди во негов прилог – велат од „Блумберг“.
Салвини ја загуби предноста, дури и пред прекинувањето на коалицијата на австрискиот канцелар Себастијан Круц со полпулистичката Партија за слобода. Италијанскиот лидер го претпре најголемиот пораз во Владата, откако Движењето пет ѕвезди го убедија премиерот Џузепе Конте да разреши еден полковник близок до Салвини, под сомненија за корупција. Скандалот предизвика контраофанзива од Ди Мајо за политички (не)морал на неговиот противник.
Салвини на ова одговори со критики за правилата на Европската Унија за буџетирање, велејќи дека земјата ќе троши колку што сака за да ја намали невработеноста – обидувајќи се да допре до гласачите, но и до финансиски разнишаните пазари. Во неговата каратеристично дрска реторика, оваа ситуација ја опиша како епска борба.
– Овие избори се референдум на кој граѓаните ќе избираат меѓу животот и смртта, минатото и иднината, меѓу слободна Европа и Исламската држава која се базира на несигурност и страв – рече Салвини на митинг во Торино претходно овој месец.
Контроверзниот десничар претходно одвраќше бродови полни со мигранти од италијанските пристништа.
Салвини се наметна како доминантната сила во неговата коалиција благодарение на неговиот фокус на мигранцијата и криминалот, но и на неговата способност да се претставува на социјалните медиуми – 3,7 милиони луѓе го следат на Фејсбук. Неговата амбиција е да ја прошири коалицијата Северна лига пошироко од богатиот север на земјата за да стане најмоќната партија во Европа – по заземањето на четвртото место на изборите во Италија во 2014 година, со само 6 отсто поддршка.
Но, Италијанците стануваат сѐ позагрижени од преговорите на Салвини со крајната десница и лошите економски перформанси на Италија станаа кочница за зголемување на неговата растечка популарност.