Масовен погреб почна во Шри Ланка откако земјата прогласи ден на жалост за жртвите од бомбашките напади во повеќе цркви и хотели, кое се случија на католичкиот Велигден, пренесе Ројтерс.
Триминутен молк за загинатите го одбележа почетокот на погребот, а земјата воведе вонредна состојба како превентивна мерка од нови напади.
Билансот на загинати се искачи на 310, соопшти полицијата.
Владата на Шри Ланка за нападите ја обвини локалната исламистичка група. Уапсени се 40 осомничени поради поврзаност со нападите.