Две лица се повредени во оружен напад во Стариот град во Будва, по што полицијата го блокираше градот. Полицијата соопшти дека повредените се надвор од животна опасност и се префрлени во которската болница. Инцидентот се случил во два часот по полноќ.
Според локалните медиуми, нападот се случил во ресторан во Стариот град во Будва. Непознато лице, кое носело силиконска маска, пукало од засега непознати причини.
Настанал метеж, при што напаѓачот успеал да побегне. Очевидците маскираното лице го опишале како маж висок меѓу 185 и 190 сантиметри. Имал црна коса и бил на возраст меѓу 30 и 40 години. Истрагата е во тек, полицијата го бара маскираниот напаѓач.