Поранешниот претседател на Европската централна банка, Марио Драги, доби мандат за состав на новата Влада на Италија.
73-годишниот Драги сега ќе одржи консултации со политичките партии за да се обиде да добие поддршка од парламентот за формирање влада, пренесува „Ројтерс“.
Новата влада се соочува со стари предизвици поврзани со борбата против коронавирусот и економската криза.