Напаѓачот кој уби 12 лица во кантри барот „Бордерлајн“ во Таузенд Оукс, американската полиција го идентификуваше како Иан Дејвид Лонг (28).
Локалниот шериф на прес-конференција соопшти дека тој бил ветеран и оти служел во американската морнарица. На полицијата и бил познат од претходно поради неколку казни за паркирање и предизвикување сообраќајни несреќи.
Очевидци тврдат дека станува збор за белец, чие тело било полно со тетоважи. Американските медиуми наведуваат дека тој до кантри барот пристигнал со автомобилот на мајка му и го извршил масакрот.
Со димна бомба и пиштол, поранешниот маринец, со качулка на главата, облечен во црно, отворил оган во барот и притоа уби 12 луѓе и рани десетици други.
Во време на нападот, во барот имало околу 200 луѓе. Мотивот засега е непознат, но властите се надеваат дека ќе добијат повеќе информации по денешниот претрес на неговиот дом.
Очевидци тврдат дека Лонг, облечен во црно, влегол во барот околу 23.20 часот по локално време и веднаш почнал да пука со пушка со калибар 45.
По нападот, тој извршил самоубиство.